Посредникот во преговорите меѓу политички партии за имплементација на договорот од Пржино, Питер Ван Хауте, за порталот Плусинфо, потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ги напуштила преговорите за медиумите.

vanhaute1-600x400

– Не можам да ја коментирам оваа постапка. Ние веќе неколку недели се обидуваме да најдеме договор за ова прашање, но нема напредок меѓу партииите. Се трудиме да најдеме решенија и сите да се конструктивни. Не е добро да се напуштаат преговорите. И досега се случуваше вакво нешто, но партиите сепак се враќаа на преговарачка маса. Се надевам, дека и сега ќе биде така – изјави Ван Хауте.

Слични содржини