Вавринка: Да играш финале против Надал е голема чест

од desk2

Стан Вавринка успеа да се пласира на финалето на Ролан Гарос, откако вчера во пет сета го совлада првиот рекет, Енди Мареј.

Противник во големото финале ќе му биде деветкратниот шампион, Рафаел Надал, кој вчера славеше убедлива победа над младиот, Доминик Тием.

„Да играш финале против Надал е голема чест. Мора да признаам, тој е најдобриот тенисер на земјена подлога. Секако дека ќе биде екстра мотивиран за да ја запише 10. титула на овој турнир, но ќе биде тешко. И јас чувствувам притисок, но едно е сигурно – публиката ќе ужива во овој натпревар, а доколку сакам победа, ќе мора да го одиграм најдобриот тенис“, истакна Вавринка.

Швајцарскиот ас пред две години триумфираше на Ролан Гарос кога во големото финале го „здроби“ Новак Ѓоковиќ.

Слични содржини