130
Велешкиот театар „Јордан Х.К Џинот“ со претставата „Синиот портокал“ по повод Меѓународниот ден на театарот ќе гостува во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Претставата ќе биде одиграна на 29 март (четврток) од 18:30 часот. Режисер на претставата е Александар Ивановски, драматург – Kатерина Момева, сценографија – Филип Коруновски, автор на музика – Сашко Костов, со учество на Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски.
Драмата се справува со силни политички теми и бирократските лавиринти во однос на прашањето на дискриминација.