Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел на заедничка прес конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не одговори на прашањето дали ќе побара помош од НАТО за откривање на странските служби, кои наводно стојат зад аферата со прислушувањето, и дали им кажал во НАТО кои се тие странски служби и дали безбедносниот систем во Македонија е навистина нападнат.

 

“Јас прилично подробно ја опишав ситуацијата околу тоа што се случуваше во последниот период, безмалку една година тргнувајќи од сето она што ми беше презентирано во разговорите со шефот на опозицијата, преку оние работи што беа откриени од страна на министерството за внатрешни работи и обвинителството и презентирани на суд вклучувајќи ја судската пресуда која веќе постои како и признанијата на одредени луѓе во судската постапка за илегални активности и злоупотреба на службената должност односно и ги прекршиле законите на Република Македонија. Сето тоа друго ќе биде дел од понатамошната судска постапка која ќе биде јасна, транспарентна и отворени сме за било каков мониторинг во тој дел.”

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес рече дека не сака да ги коментира информациите дека во Македонија странски разузнавачки служби вршат прислушкување, но укажа дека медиумите и опозицијата мораат да имаат добри услови за работа:

“Не сум во можност да ја коментирам информацијата дека странски разузнавачки служби биле активни во поранешната југословенска Република Македонија. Она што можам да кажам е дека ја подвлеков важноста слободата на медиумите и важноста да и даде на опозицијата можност да има добри услови за работа, тоа се демократски вредности кои треба да се почитуваат од страна на сите. И ја подвлекувам важноста на има независна и длабока истрага во многу сериозните обвинувања кои беа кажани. Исто така дека треба одговорните треба да поднесат сметки за тоа што се случило. Затоа е важна независна и длабока истрага за овие обвинувања”, изјаво Столтенберг

Слични содржини