Француската полицијата соопшти дека во синоќешните инциденти помеѓу локалното население во Марсеј и туристите, повредени се двајца британски фудбалски навивачи и четворица полицајци.

Полицијата мораше да интервенира поради инцидентот во Марсеј, еден од градовите домаќини на Европското фудбалско првенство кое вечерва почнува во Франција, пренесуваат британските медиуми.

Некои од навивачите дојдени од Британија извикувале “ИСИС каде си?“

Полицијата употреби солзавец, а во нередите учествувале околу 100 Британци и педесетина жители на Марсеј.
Европското првенство почнува вечерва на стадионот “Франција“ во Париз, каде во 21 часот играат домаќинот и репрезентацијата на Романија.

Слични содржини