Димитријевиќ пред трансфер во Милано

од Nikola Popovski

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кариерата ја продолжува во Емпорио Армани. Според, „Еurodevotion“, тој потпишал двегодишен договор со популарните „манекени“ кој ќе биде активен на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот со Уникс Казан.

За најдобриот македонски кошаркар се интересираше и Виртус, но клубот од Милано бил побрз и го ангажирал, пишуваат италијанските медиуми.

Италијанскиот клуб ќе го реконструира тимот, а Димитријевиќ ќе ја има улогата на прв плејмејкер.

Тој ќе биде второто засилување на Емпорио Армани за следната сезона по Џош Нибо, кој моментално настапува во Макаби Тел Авив.

Димитријевиќ професионалната кариера ја започна во Хувентуд, играше во Валенсија, по што замина во Казан, каде го покажа сиот свој потенцијал.

Слични содржини