Најмалку 65 лица загинаа откако кран се урна во Големата џамија во Мека, објави Службата за цивилна заштита на Саудиска Арабија.

Повредени се над 154 лица.

2110881756

Според информациите на телевизијата “Ал Арабија” кранот паднал поради силните бури во Мека.

Тешкиот инцидент се случува само неколку недели пред почетокот на Хаџ, кој е најголемиот религиозен аџилак во светот, потсетуваат агенциите.

Властите преземаат сериозни мерки да ја подобрат безбедноста, инвестираат огромни суми во главните места на аџилак, како и во транспортниот систем на градот.

Минатата година Кралството го ограничи бројот на верниците кои можат да влезат во Големата џамија токму поради причини поврзани со градежните активности.

Слични содржини