Силјановска води двојно пред Пендаровски, покажуваат резултатите на ДИК

од Nikola Popovski

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова води пред својот противник Стево Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК.

Според моменталните резултати, Давкова има 88.209 гласови или 62,37% пред Пендаровски со 42.923 (30,35%). Ваквиот исход е од досега обработени 872 избирачки места од вкупно 3508, односно 24,86%

ДИК соопшти дека постигнат е цензусот за претседателските избори. Така, до 18:30 часот од обработени податоци од 3.186 избирачки места одѕивот е 46,31 отсто, а на гласање излегле 767. 715. Најголема излезност има во Новаци 72,76 отсто, а најмала во Липково 7, 35.

Слични содржини