Биљали: Ако го врати Груевски, Унгарија ќе и направи голем проблем на македонската Влада

Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали за „Локално“ вели  дека можно е новиот унгарски премиер, Петер Маѓар да го екстрадира поранешниот македонски премиер Груевски, кој има и правосилна пресуда. Според него, тоа ќе и направи голем проблем на Владата на Мицкоски

од Vladimir Zorba
764 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ВМРО-ДПМНЕ

Промената на власта во Унгарија и најавата на новиот унгарски премиер Петер Маѓар дека ќе го екстрадира поранешниот македонски премиер Никола Груевски ќе и донесе големи проблеми на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, смета политичкиот аналитичар проф. Мерсел Биљали. Тој за „Локално“ изјави дека во случајот со Груевски, кој има и правосилна затворска казна, Владата може да делува на два начина – или да му излезе во пресрет или да се конфронтира со него.

-Груевски има правосилна пресуда. Тоа ќе биде голем проблем за ВМРО и не знам како ќе се снајдат со тоа. Има два начина кои ги сметам за екстеремни, или да му излезат во пресрет или да се конфронтираат со него, изјави Биљали.

Тој додава дека ако се одлучат да му излеат во пресрет може да ги искористат механизмите на помилување.

-Но не знам што ќе прават бидејќи е дел од една вмровска структура која се уште има големи симпатии кон него. Но, луѓе калкулираат дека власта ќе замолчи. Но , интересно ќе биде, изјави Биљали.

Биљали смета дека новиот унгарски премиер Маѓар е нов лидер со нова филозофија, иако доаѓа од партијата на поранешниот премиер Виктор Орбан, сепак во значаен момент се покажал принципиелен.

Фото: Фејсбук/Принтскрин

-Во круцијален момент се покажа како доста принципиелен во една афера која се коси со сите законски и морални вредности. Ја напушти екипата на Орбан пред неколку години и се стекна со кредибилитет на друга личност. Очекувам поинаков пристап во однос на внатрешна политика и посебно во однос на надворешната политика од претходната ориентација што ја играше цело време претходниот премиер Орбан кон истокот кон Русија на штета на ЕУ. Тој ќе биде поинаков, значи тој ќе стреми кон ЕУ ќе биде кохезивен фактор, ќе ги врати тие пари, некаде блокираните осум милијарди евра. Но таа зависност енергетска во оваа ситуација ќе го натера да не ги прекинува сите односи со Русија, изјави Биљали.

Изјавата на Маѓар дека ќе го екстрадира поранешниот македонски премиер Груевски кој има правосилна пресуда и кој избега во Унгарија каде доби азил, Биљали смета дека тоа била принципиелна изјава, бидејќи во Унгарија азил имаат и двајца други високи функционери од Полска, а во нивната земја се обвинети за корупција и криминал.

-И тука и ние се наоѓаме и се надевам дека принципиелно ќе се однсесува и кон Груевски што е таму и не се исклучува можноста да го врати човекот во Македонија, што ќе биде голем терет за Владата, изјави Биљали.

На прашањето како е можно Владата да прибегне кон помилување, а од друга страна треба да покаже борба со корупција и владеење на правото, што се еден од основните задачи што ги има земјата за членство во ЕУ. Биљали изјави:

„На постојната власт ЕУ и  е важна како ланскиот снег и не се многу загрижени. Со промената на власта во Унгарија сратешки губат една голема линија тоа е оската Србија-Унгарија Русија. Сега тоа се прекинува. А може и Србија да се реориентира и да останеме изолирано островче. Државничка грижа недостасува, со дневна политика држава не се води“.

Е.Б.

Слични содржини