Од полноќ поевтини горива, дизелот со цена од 95,5 денари за литар

Бензините треба да поевтинат за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Алфа Тв

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година.

Од 15.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)

-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)

-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,50 (денари/литар)

-Мазут М-1 НС 49,227 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,084 ден/кг и сега изнесува 49,227 ден/кг.