Социјалдемократите ја прашуваат Владата дали ќе поднесе барање за екстрадиција на Груевски

„Ќе бега ли на друго место, во Русија или во некоја друга земја или ќе се врати тука да ја отслужи казната“, прашува лидерот на СДСМ за екс-премиерот

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека историската победа на демократијата во Унгарија означуваат крај на автократските режими во регионот и почеток на нов период на демократија и одговорност. Според него, изборниот резултат донесе крај на, како што вели, уште еден долгогодишен срам за Македонија.

-Мицкоски години наназад ја градеше својата политичка кариера со лажни ветувања и со поддршката од Орбан и Вучиќ. Сега се поставува следното прашање, што ќе прави Никола Груевски, осудениот бегалец и симбол на корупција и злоупотреба на власта, кога повеќе нема заштитник во Будимпешта?

Години наназад уживаше гостопримство од Виктор Орбан кој го штитеше од правдата. Ќе бега ли на друго место, во Русија или во некоја друга земја или ќе се врати тука да ја отслужи казната, праша Филипче.

Движењето ЗНАМ веќе честиташе на победата на новиот унгарски премиер, а лидерот на СДСМ исто така прашува дали има барање за екстрадиција за враќање на Груевски, со оглед дека министерот Игор Филков доаѓа од редовите на ЗНАМ.

-И доколку нема, дали денеска, во текот на денот после изјавата на новиот унгарски премиер ќе поднесат барање за екстрадиција на Никола Груевски во земјата. Правдата колку и да доцни, на крајот секогаш стига. Време е за правда, кажа претседателот на СДСМ.