Меџити: Вознемирени се оние кои му помогнаа на Груевски да избега во Унгарија

Еден од лидерите на ВЛЕН, сепак не верува дека екс-премиерот ќе биде екстрадиран назад во Македонија

од Nikola Popovski
21 прегледи Фото: Фејсбук/Изет Меџити

Еден од лидерите на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска изјави дека не верува дека екс-премиерот Никола Груевски ќе биде екстрадиран назад во Македонија.

„Оние што му помогнаа да избега од Македонија во Унгарија се повеќе од вознемирени. Сега нека се грижат повторно за Груевски“, кажал Меџити од настан во Старата скопска чаршија, додавајќи: „Не верувам дека Груевски ќе биде екстрадиран, но ќе видиме“.

„Но, дури и да биде така, тој прво мора да одговара пред правосудниот систем и да ја добие казната што ја заслужува“, рекол Меџити.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека ако се врати во земјата, неговиот претходник во ВМРО-ДПМНЕ ќе заврши во затвор бидејќи за него има ефективна казна затвор.