(ВИДЕО) Том Круз падна од зграда и се повреди

од Vladimir Zorba

Том Круз се гордее дека на 55 години сам ги исполнува повеќето опасни акробации за своите акции, но изгледа и тоа има своја цена. Кратко видео покажува како при еден од своите последни маневри на сетот на “Невозможна мисија 6” во Лондон, актерот се повредува при скок меѓу две згради.

Иако и безбеден со јажиња, ударот предизвикал полесни повреди на ѕвездата, но генерално неговата состојба е добра. Од екипата издадоа дека Круз се подготвувал за акробации речиси година. По ударот Тон е забележан на колена со видлива болка на лицето.

Извршниот директор на Skydance Media CEO Дејвид Елисон неодамна изјави дека гледачите на спектакуларната акција овојпат ќе видат уште повеќе и опасни акробации, исполнети од Том.

“Она што Том ќе го направи во овој филм, е невидено досега. Тој тренира цела година за тоа и ќе останете силно импресионирани”, коментира тој.

Низ годините тој снимилл многу акции и стотици акробации, па е целосно свесен за опасностите што сепак не го одбива. Во 2012 лично филмскиот кординатор на акробации на лентата “Џек Ричер” Роб Алонсо го пофали јавно со зборовите:

“Тој е подобар од повеќето професионални каскадери. Неверојатен нуркач е, се бори добро и прави секакви акробации. Управува авиони, јава коњи, вози велосипеди и секој режисер би бил среќен да има актер како него во филмот”.

Инцидентот за време на каскадерството се случи малку откако Том беше забележан да лета хеликоптер во почетокот на август.

https://www.youtube.com/watch?v=UcORUHQNMbE

Слични содржини