По прес-конференцијата од 37-тата бомба на СДСМ, лидерот Заев ги разјаснуваше сите актулени политички дилеми. Во однос на криминлна инволвиранист на ДУИ која би можела да се докаже преку бомбите, Заев посочи дека опозицијата неколкупати во претхпдните бомби објавила компромитирачки материјали според кои може да се заклучи дека интегративците соработувале за владиниот криминал.

“Неколку пати објавивме за криминали на ДУИ, крадените 25 милиони евра од автопатиштата се крадени од Македонците и од Албанците. Дали Заев, СДСМ тактизираат со ДУИ? Коалициите зависат од граѓаните и од изборите на кои гласаат, но нема никакви калкулации за коалиции, ДУИ се дел од власта и се соработници на ВМРО-ДПМНЕ, тие се соучесници во криминалите. Нема никакви калкулантски односи, и ги повикувам, нека ја напуштат владата и ќе падне владата, ако не се соучесници нека го направат чекорот” рече Заев.

Во однос на очекуваната изјава на евро-комесарот Хан, Заев одговори дека ја очекуваат изјавата.

„Ние ја очекуваме изјавата зошто во разговорот договоривме дека треба да има лично изјава од Хан, каде што се потенцира на суштината на разговорите, но и за изборната измама која беше констатирана во Македонија. Ние ја очекуваме, и согласно со тоа зависно е дали одиме за Брисел“, рече Заев.

Заев вели дека најважно за претстојните разговори е договорот околу тоа каква Влада ќе ги организира и ќе ги спроведе изборите во април 2016 година и дека пропаѓаат сите обиди на власта за докажување на негова вина за случајот Пуч.

„Обвинителните акти против Заев и другите опозиционери станаа апсурдност во нашето општество, но тоа ја јакне нашата позиција во преговрите. Секако меѓународната организација и по меѓународните инстанци и стандар е дополнителна апсурност затоа што тие недаваат еднаков третман напреговорите. Заев е со два обвинителни акти пред почеток на судски рочишта а кривичните против Груевски не се ни почнати.

Заев ќе замине во Брисел со пасош во раце обвинет за насилство врз премиерот, а Бранко Палифров раководител на сектор во Струмица е обвинет за насилство. Тој е во притвор 4 месеци, а јас бев во Брисел. Тоа е уште еден аргумент. Нека ценат нашите меѓународни пријатели. Каде е трета кривична пријава за државна тајна, ја нема никаде“ изјави Заев.

Слични содржини