127
124 лица се уапсени во масовните протести во Франција.
24 полицајци и жандарми се повредени за време на протестите против реформите во трудовото законодавство во Франција, пренесува бугарски Фокус, кој се повикува на Le Figaro.
Француското МВР соопшти дека тројца од повредените се со многу тешки повреди.
За време на демонстрациите во различни градови се уапсени 124 лица. Масовни протести се одржуваат во неколку градови, меѓу кои Париз, Нант, Авр, Лион, Марсеј, Бордо, Рен, Руан, Тулуз, Гренобл, Стразбур.