Слабата организација за безбедноста ги испровоцирала судирите на натпреварот помеѓу Англија и Русија на Евро 2016 во Франција. Ова го изјави за ТАСС министерот за спорт на Русија и претседател на рускиот фудбалски сојуз, Виталиј Мутко.
Дуелот синоќа во Марсеј заврши 1: 1. По последниот судиски сигнал група руски навивачи упадна во секторот на англиските навивачи.

0000305430-article2
“Сериозни судири немаше, но такви натпревари треба да се организираат нормално, треба да се одведат навивачите на соодветните сектори на стадионот. Имаше бомби и огномет што е лошо, се разбира”, коментира Мутко.

“Ние сме цивилизирана земја. Беше преувеличено, но всушност се беше во ред. Кога заврши средбата Англичаните беа вознемирени, но сите брзо си заминаа”, додаде Мутко.

Во Марсеј во последните три дена има постојано судири меѓу руски, англиски и француски навивачи. Досега барем 35 лица се повредени.

Слични содржини