Русија го обвинува турскиот претседател Ердоган дека е лично вклучен во шверц трговија со нафта на “Исламска држава”. Експлицитно окази нема, но факт е дека голем дел од “исламската” нафта навистина доаѓа до Турција- анализира DW.

0,,18889722_303,00

Обвинението е навистина сериозно: турското раководство е директно вклучено во шверц-трговија со нафта на “Исламска држава” (ИД). “Турција е главен примател на украдената од ИД нафта во Сирија и Ирак. Според нашите информации, во шверцот учествуваат политичкото раководство на земјата, претседателот Ердоган и неговото семејство”, изјави оваа недела рускиот заменик-министер за одбрана Анатоли Антонов. Детали сепак не беа објавени.

(ВИДЕО) Руската пропаганда се шири во Бугарија и Србија- новиот амбасадор на САД во Софија вети дека ќе се бори против неа…

Рускиот претседател Владимир Путин вели горе-долу исто. Според него, Русија располагала со информации дека нафтата од зоните, контролирани од ИД, минува токму низ Турција. Претседателот Ердоган остро реагираше и вети дека ќе поднесе оставка ако Русија успее да ги докаже своите тврдења. Во овој судир со Москва турскиот лидер доби поддршка од американската војска. Портпаролот на американските сили во Ирак ги нарече тврдењата на Москва смешни и ги отфрли категорично тврдењата за некаква соработка меѓу Турција и “Исламска држава”.

Дали се оправдани обвинувањата?

Одамна се зборува дека нафта од контролираните од ИД области во Ирак и Сирија достигнува до Турција. Уште минатото лето опозициски турски пратеник од граничната со Сирија провинција Хатај изјави дека до крајот на јуни 2014 година во Турција била продаден нафта во вредност од 800 милиони долари, кој доаѓала токму од контролираните од ИД области. За таа цел дури биле изградени специјални цевководи, тврди пратеникот.

Во август истата година и турскиот весник TARAF соопшти за шверц увоз на нафта од Сирија во Турција – по 1 500 тони на ден, што одговара на 3,5 отсто од дневната потрошувачка во земјата, напиша тогаш весникот.

Во пролетта на 2015 година двајца научници од британскиот универзитет “Гринич” ги објавија резултатите од свое истражување, кое се концентрира токму врз наводната шверцувана продажба на “исламистичка” нафта. Во истражувањето се вели дека во февруари 2015 година терористичката организација произведувала по 45 илјади барели дневно, од кои заработувала помеѓу 1 и 3 милиони долари на ден. Оваа нафта која доаѓала од контролираните од џихадисти области, се продавала по многу пониски цени од вообичаените: наместо 80-100 долари за барел, колку што чинела тогаш суровината на светските пазари, исламистите ја продавале по цена меѓу 25 и 60 долари за барел, тврдат двајцата автори. Тие ги истражувале детално товарите на турското пристаниште Чејхан и утврдиле поврзаност помеѓу воените успеси на џихадистите и количествата нафта извезени во предметното пристаниште: “Се чини дека тие се зголемуваат секој пат кога ИД ќе бележи успеси во богати со нафта области”, посочуваат авторите на анализата.

0,,18874866_401,00

Тие утврдиле таква зависност во три различни периоди: јули 2014, октомври-ноември истата година и во јануари-февруари 2015 година. Во исто време авторите на студијата се држат до тоа да определат дека поврзаноста воени успеси-нафтени продажба не докажува категорично дека Турција е вмешана во шверц со џихадистите. А уште помалку пак дека оваа илегална трговија се случувала со знаење и учеството на турските власти.
Ова истражување алудира и на еден од можните одговори на прашањето зошто антитерористичката коалиција долго време не направи речиси ништо против шверцот на нафта. Колебливото однесување на Западот се должи најверојатно на околноста дека премногу луѓе во синџирот заработуваа од шверцувана продажба. На пример ИД му дозволува на локалното население да учествува во рударството и трговијата со шверц на нафта: секој може да си изгради нафтен бунар и сам да продава во странство . На овој начин џихадистите си обезбедуваат поддршка на локалното население. А меѓународната антитерористичка коалиција долго време се колебаше дали да ја прекине нелегалната трговија со нафта, бидејќи стравуваше дека тоа ќе натера уште повеќе луѓе да се приклучат активно кон “Исламска држава”.

0,,18889296_401,00
“Турција носи одговорност”
До овој момент Русија нема обезбедено докази за тврдењата дека семејството на турскиот претседател Ердоган е вмешано во нелегалната трговија со нафта. Јан Техау, директор на европскиот институт “Карнеги”, нуди една друга верзија: според него е сосема можно турските власти едноставно да ги затворале очите. “Во таа смисла Турција носи одговорност”, смета експертот.

Со уништувањето на цистерните со кои џихадистите ја превезуваат извлечена нафта, западните сојузници навистина го зголемуваат ризикот од сливот на нови борци во редовите на ИД. Но, во исто време тоа е начин да се намалат приходите на терористите. Сметката е едноставна: прекинот на патиштата за финансирањето ќе ги направи џихадисти помалку атрактивни за нови симпатизери.

Слични содржини