ВМРО-ДПМНЕ апелира притисоците и нападите врз судот да престанат

од Vladimir Zorba

nova-zgrada-vmro
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува обидите на аболираниот криминалец Зоран Заев, преку напади и закани врз судот да изврши притисоци и да ги заплаши судиите да одлучуваат во согласност со законот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод боењето на Кривичниот суд од страна на „Шарена револуција“.

„Срамниот ноќен вандалски чин на хулиганите од платеничката револуција на СДСМ и на Сорос е резултат на желбите на аболираниот криминалец Зоран Заев да бидат заплашени судиите кои треба да го судат за барањето поткуп и за случајот „Пуч“, порачувајќи им дека дивите орди кои се под негова команда ќе дејствуваат секогаш кога ќе биде донесена одлука што не е по негова волја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на власт апелираат „притисоците и нападите врз судот да престанат, а членството на СДСМ да се дистанцира од неразумните чекори на аболираниот Зоран Заев“./Мета

Слични содржини