ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Велес синоќа се соочија со еколошка бомба

од desk2
96 прегледи

Граѓаните на Велес синоќа се соочија со еколошка бомба. Мерните станици во градот покажаа опасно висока загаденост на воздухот со ПМ10 честички. Слична беше ситуацијата и во други делови од државата, реагира опозицијата.

„Последиците од загадениот воздух секој ден се повеќе ги чувствуваме. Секој ден болниците низ Република Македонија се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања. Граѓаните се оставени сами на себе и единствениот спас да се заштитат од загадениот воздух е да се затворат во своите домови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинуваат дека новата Влада не преземала чекори кон подобрување на квалитетот на воздухот, туку напротив ги укинува и корисните мерки кои ги вовека претходната влада предводена нив, а биле во насока за подобрување на животната средина и квалитетот на воздухот.

„СДС се дрзна да го укине и Ден на дрвото. Преку оваа акција досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност, што е висок процент за ваков тип садници. Наместо градоначалниците да ги спроведат мерките со кои се фалеа за време на локалните избори тие тргнаа со контра мерки. Градоначалниците Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот, намалувајќи ја зелената површина“, стои во соопштението што утрово го испрати ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата бара од Владата и градоначалниците да сносат одговорност поради непреземање мерки околу намалување на екстремната загаденост на воздухот.

Слични содржини