ВМРО-ДПМНЕ: Ние не одобруваме, ниту одбиваме кандидатура за петтиот член во ад-хок телото

од Vladimir Zorba

timthumb (1)

ВМРО-ДПМНЕ реагира на веста дека ги одбила експертите Илир Ајдини и Петрит Сарачини за петти член во ад хок телото.

“Медиумите на СДСМ/СОРОС повторно лажат и манипулираат.

ВМРО-ДПМНЕ ниту ги одобрува, ниту ги одбива кандидатурите за петтиот член-експерт во ад-хок телото за контрола на медиумите.

Според договореното во Пржино, четворицата членови на ад-хок телото сами го одбираат петтиот член. ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува работата на ова тело и изборот кој членовите на ад-хок комисијата ќе го направат за петтиот член на истата“, пишува во соопштението.

Како што е познато, Слаѓана Димишкова од „Вест“ , Цветин Чилиманов од МИА , Горан Трпеновски исто така од „Вест“ и Љубомир Костовски од онлајн неделникот „Глобус“, се четворицата членови на ад-хок телото кои треба да го изберат петтиот член.

Четворицата се предлог на партиите, првите двајца се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски и Костовски по предлог на СДСМ.

Слични содржини