СОСТОЈБА:  Сообраќајот на сите државни патишта се одвива  без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места.

патт

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

 

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ:   -Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, од 14.12.2015 год., 11-уп-134/4, на магистрален пат A3б/A4е, делница Кадрифаково- Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 15.01.2016 година од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО ќе врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено ќе се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето ќе се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

 

  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На останатите граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

 ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА СПОРЕД УХМР:

 

Денес ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Под влијание на циклонска активност во среда се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

 

Слични содржини