tepacka-evropsko-prvenstvo

Група руски и англиски навивачи се степаа во Марсеј, а снимката од тепачката во која летале шишиња и столици е објавена на Интернет.

Тепачката се случила во очи натпреварот на двете фудбалски репрезентации на Европското првенство во фудбал, кое вчера започна во Франција.

Полицијата против напаѓачите употребила солзавец. Во тепачката учествувале околу 200 луѓе, а двајца Англичани се уапсени.

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Русија и Англија се игра вечерва со почеток во 21 часот на стадионот „Велодром“ во Марсеј./Мета

Слични содржини