Во Советодавниот одбор на Трамп врвот на Вол Стрит, Волт Дизни, ИБМ…

од Vladimir Zorba
85 прегледи

 

Новиот претседател на САД Доналд Трамп, кој на главните позиции во својот кабинет постави мултимилионери, вчера го најави и новиот Советодавен одбор, во чиј состав ќе бидат лидери од Вол Стрит и познатите корпорации, вклучувајќи ги Волт Дизни, Волмарт и ИБМ. tramp-mirem

Тие ќе бидат во состав на Стратешкиот и полиитчки форум на Трамп, со задача да му помогнат на новиот претседател да го спроведе „својот план за зголемување на вработеноста и ветувањето дека Америка повторно ќе ја направи голема“.

Со Одборот, кој прв пат ќе се состане во Белата куќа на почетокот на февруари, ќе преседава Стивен Шварцман, генерален директор и коосновач на корпорацијата Блекстоун, која управува со активи вредни 361 милијарда долари.

Во составот на Одборот се и лидерите на две корпорации, кои се членови и на Советот за извоз на претседателот во заминување Барак Обама, генералниот директор на Дизни Роберт Ајгер и директорот на ИБМ Вирџинија М. Ромети.

Трамп меѓу членовите на тоа советодавно тело го назначи и Џејми Дајмон, директор на корпорацијата ЏиПи Морган Чејс, кого некои го споменуваа како можен кандидат за министер за финансии.

Меѓу членовите се и Лери Финк, кој се наоѓа на чело на компанијата БлекРок, генералната директорка на Џенерал Моторс Мери Бара, првиот човек на Волмарт Даг Мекмилон и поранешниот гувернер на Федералните резерви Кевин Ворш.

– Форумот е составен од директори и деловни луѓе, кои знаат како да отворат нови работни места и да го поттикнат стопанскиот раст, изјави Трамп, додавајќи дека неговата администрација е посветена на користењето на стручноста од приватниот сектор.

Слични содржини