Верската припадност ми е поважна од националната, МПЦ може да добие само најширока автономија под јурисдикција на СПЦ, а создавањето ма Македонската црква беше политичка одлука, вели Вранишковски во интервјуто дадено за Радио Белград.
СПЦ во преговорите што би почнале во мај не може да даде автокефалност на МПЦ и затоа она што веќе е дадено е крајната можност. Автономијата под јурисдикција на СПЦ е она што го добила т.н.Охридска архиепископија на Јован и до таму може да се оди, рекол расчинетиот владика за Радио Белград.
На прашањето каква е поврзаноста на македонската црква и политиката на македонската државност, Вранишковски со одговор дека политиката ја создала црквата во Македонија и тоа со политичка одлука по Втората светска војна.Така се исполнила желбата за осигурување идентитет на македонскиот народ и под таков притисок во 1967 година дошло до изразување на непослушност кон мајката црлва, СПЦ, од која насилно се одвоени територии на Македонија, изјавил Вранишковски за Радио Белград.