Полуматурантите денеска втор ден се запишуваат во средните училишта. Во повеќето скопски гимназии уште вчера бројот на апликации баше над предвидената квота. Само за илустрација во скопската гимназијата Никола Карев е преполнет  списокот само со петки и со по една до две четворки .upisi

Од училиштата велат дека конкуренцијата е голема, ќе има и одбиени ученици, а некаде ќе има и квалификациони испити. За оние кои нема да успеат да се запишат во првиот уписен рок, ќе има втора и трета шанса. Вториот уписен рок е на 29 и 30 -ти јуни, а резултатите ќе бидат објавени на 1-ви јули.

Третиот уписен рок е на 24 август, а училиштата што нема да ја пополнат квотата, ќе можат да запишуваат ученици и до 27 август.

Слични содржини