За Рилкоски спорен е легитимитетот на ДИК, Ибраими не сака да образложува, Срцев го нема…

од desk3
137 прегледи

Претседателот на ДИК Рилковски смета дека сомнежите на Заев за легитимитетот на ДИК се оправдани-пренесува Фокус.

dik

„Спорен е легитимитетот на ДИК. Државната изборна комисија својот мандат го заврши на 8 ноември така што до формирањето на новиот состав нашата улога е само техничка и ние не треба да се занимаваме со фундаментални прашања. Вчера дојде такво прашање, меѓутоа аргументите не држеа, бројките покажуваа дека средствата потребни за покривање на платите и пензиите итн. се покриени со тие 270 милиони евра и за тоа самиот министер истакна дека е задоволен. По неколку дена излезе дека се потребни дополнителни 100 милиони евра. Ако сето ова математички се пресмета, излегува дека сомнежот на Заев е оправдан. Јас бев за тоа, кога веќе сме доведени во ситуација да гласаме, да се прифати ветото на дополнителниот заменик министер за финансии Наумов, но мнозинството беше против тоа вето. За тоа. зошто така гласаа другите колеги немам коментар“, вели претседателот на комисијата Рилкоски.

Бедредин Ибраими, член на ДИК од редовите на ДПА, за НОВА вели дека правото на Државната изборна комисија дали ќе го прифати ветото е легитимна, а доколку некој има забелешка за тоа (алудирајќи на Заев), за уставноста може да се пожали на надлежните судови.

„Одлуката беше донесена врз основа на тоа што заклучивме дека тие средства не се поврзани со изборите. Мое е да одлучам како ќе гласам, а како дојдов до тој факт не морам вам да ви образложувам. Ако некој мисли дека не сме надлежни и немаме мандат може за тоа да се пожали на надлежен суд и тоа е негово право и мислење. Ние добивме писмо од министерот за финансии со кое се бараше да се изјасниме по тоа прашање, ако не се изјаснивме ќе имаше застој во исплатите, што можевме да направиме?“, вели Ибраими за НОВА.

Членот на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Срцев иако вети дека ќе го образложи својот глас, до завршувањето на овој текст не одговори на нашите повици.

(ВИДЕО) Заев: СДСМ ќе спречи изборна корупција, банките мора да имаа во предвид што и за какви цели финансираат

Утрово лидерот на СДСМ Зоран Заев посочи дека одлуката на ДИК да не се прифати ветото за ново задолжување од Наумов е потенцијално кривично дело.

Слични содржини