Албанското движењето „Беса“ за утрешниот антивладин протест кој ќе се одржи на нивна иницијатива и организација очекува дека ќе помине во најдобар ред.

„Сите треба да сфатиме дека албанскиот глас во оваа држава треба добро да биде слушнат. Со тоа што Ние имаме политички претставници како ДУИ и ДПА кои се под целосна контрола на Никола Груевски, ние воопшто немаме албански глас во земјата. Дали некој смета дека со тоа што на овој начин некој ќе ги изигра Албанците може да има стабилна држава?“, вели Гаши.

Во протестите учество најавија ПДП на Неџат Беџети, партиите на Кастриот Хаџиреџа и на Хисни Шаќири, Беса, роднините на казнетите од Монструм, Сопот, Бродец, Унијата на албанските студенти, Арсим Зеколи, Ким Мехмети, Абдулменаф Беџети, новинари и интектуалци, повеќе студентски организации на Албанци од странство.

Слични содржини