Лидерот на СДСМ, Зоран Заев,синоќа, во емисијата „360 степени“ на Алсат-М, рече дека очекува иницијатива за нова средба до крајот на неделата, а рече дека ако таквата иницијатива не дојде од друга страна, самиот тој ќе ја покрене.

zaev3-540x303

Рече дека најмногу очекува инцијативата да дојде од меѓународната заедница.

Запрашан за тоа дали е можно претседателот Ѓорге Иванов да покрене таква иницијатива, Заев рече дека не очекува бидејќи тој е нелегитимен претседател и за СДСМ, но и за ДУИ.

Заев зборуваше и за средбата во Брисел и за дел од тоа што се зборувало таму. Рече дека направил отстапка со тоа што предложил Груевски да се повлече во септември, но тој тоа го одбил.

Запрашан за најавите дека можно е Груевски да направи брзи избори уште летово, Заев рече дека е невозможно такво нешто да се случи, и дека мора да има најмалку 10 месеци до изборите по постигнувањето договор.

Како што рече, доколку се постигне договор во наредните денови, тогаш би останал и терминот во април 2016, но доколку случајно нема договор до крајот на јули, или пак август, тогаш и терминот за избори би требало да се помести, за мај или јуни 2016.

Заев ова го објасни со тоа што рече дека датумот за избори (април 2016) не е произволно избран туку времето од 10 месеци е потребно за да се направи ревизија на избирачкиот список, менување на изборниот законик и со останатите детали околу подготовката на фер и демократски избори.

Заев потврди дека денеска  во 14 часот ќе продолжи со објавувањето на „бомбите“. Уште еднаш повтори дека останува на дадениот збор и дека ќе ја објави бомбата за случајот „Монструм“, но не прецизираше кога би се случило тоа.

Слични содржини