Двете владејачки партии (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ н.з.), како и претходно, така и сега ги заземаат своите националистички позиции, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев,

заевв

Заев упати апел до сите граѓани во земјава, без разлика на верската, етничката и на политичката припадност, да не потклекнуваат на провокациите.

– Ова личи само на провокација. Ги повикувам граѓаните да не паѓаат на никакви провокации од кого било. Ги осудувам јавно поделбите по која било основа во Македонија и начините на кои се предизвикуваат. Поделби не ни се потребни. Апелирам до носителите на одлуките да не прават вакви чекори со кои се провоцираат граѓаните. Да не дозволиме да го изгубиме тоа на што сите заедно се радуваме, а тоа е дека само единствено и сплотено можеме да ја градиме иднината на нашата заедничка Македонија – рече Заев.