До полноќ во Хрватска од Србија влегоа над 1.300 лица. Малку по 22.00 часот тргна и воз со 600 мигранти кон главниот град Загреб. На српско-хрватската граница пристигнуваат десетици автобуси, комбиња, такси и обични автомобили преполни со мигранти.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоjич ноќеска изјави дека властите целосно ја контролираат границата и граничниот премин Товарник, но ако бегалскиот притисок продолжи властите ќе имаатдруг однос. “Имаме целосна контрола над ситуацијата. Ако сепак дојде до поголема бран од Србија, тогаш ќе разговараме и за мерки кои ќе бидат многу различни. Тоа значи дека во оваа фаза ЕУ треба да има готови решенија – hot spot пред пристигнувањето во Хрватска “, рече Остојич за време на посетата на граничниот премин Товарник.Пред тоа тој разговараше во Белград за кризата со српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ. На прашањето “колку мигранти Хрватска може да прифати” тој одговори: 1800.
Потсетуваме дека мигрантите пристигнуваат организирано од Прешево, во јужниот дел на Србија, на километри од границата со Македонија. Сите тие се превезуваат организирано од српските власти со автобуси до хрватската граница штом пристигнуваат од Република Македонија. До почетокот на оваа недела Србија транспортира мигрантите директно до унгарската граница, која веќе е затворена за нелегално преминување, а прекршителите добиваат тешки казни.