download

Деенеска полицијата информираше дека ноќеска околу 00.00 часот од страна на Ѓоре Ѓурчиновски (51) од с.Ореше било пријавено дека биле опожарени продавница во негова сопственост и ПМВ “Мерцедес” во с.Ореше. Извршен е увид на местото на настанот и по преземените мерки приведени се две лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “предизвикување општа опасност”.

Ѓоре Ѓурчиновски,  е дедо на заштитениот сведок во случајот „платено убиство“. Приведени се двајца, од кои Телма неофицијално дознава дека едниот е Ѓорѓе Петровски, нарачателот на убиството на Лазо Милошевски.

За случајот Ореше, Петровски е осуден на 13 години затвор, но, заедно со уште двајцата обвинети не се во притвор бидеќи одлежаа две години. Законски повеќе од ова не може да бидат во притвор, па до правосилност на пресудата осудените остануваат на слобода. Заради овој судски процес и контраверзиите околу него, настрадаа судии , обвинител и новинар.

Слични содржини