432
Започнаа градежните работи на уредување на 500 метри плажа во населба Стење и 100 метри плажа во населба Сливница, на Преспанското Езеро. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, истакна дека се очекува плажата во Стење да биде завршена до месец јуни, со цел да биде готова за оваа туристичка сезона.
Уредувањето на плажата подразбира изградба на шанкови, дрвена платформа, игралишта за одбојка фудбал и бадмингтон, туш кабини, пешацка патека и други содржини кои ќе ја збогатат туристичката понуда на ова место. Инвестицијата е вредна 77 милиони денари.Исто така, во соработка со општината и патот кој води до самата плажа ќе биде саниран.