Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство (МЗШВ) се огласи со реакција на изјавите што вчера во Беровско ги даде Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при СДСМ.

„Дали СДСМ се чувствува непријатно и безидејно реагира поради исплататата на субвенции за лозарите, градинарите, поледелците и производителите на фуражни и индустриски култури. Поточно поради тоа што за само 2 недели се исплатени 47 илјади фармери со скоро 650 милиони денари или колку владата на СДСМ за две години. Сточарите кои ги исполнуваат условите и оние на кои имаат штети од добиточната болест син јазик, според календарот, се следни за исплата на субвенции. Министерството за земјоделство смета дека е небулозно да се изјавува дека се зголемиле трошоците за репроматеријали, за семенски материјали, минерални ѓубрива, нафта, заштитни средства, а притоа да не се знае дека во нај голем дел се работи за увозни производи, и дека цените се формираат на пазарот.Оваа Влада има сериозен пристап кон земјоделството и кон обезбедувањето на добиточна храна од сопствено производство. Анализите покажуваат дека со субвенционирањето во системите капка по капка за 5 години ќе може да се редуцира увозната зависност“, порачува министерството.

Слични содржини