Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Непал надмина 6000, а повредените се над 13 илјади, објавија  новинските агенции.Бројот на жртвите е 6205 , а повредените се 13402, според информациите на “Франс прес”.

430x330 (7)

Спасувачките акции на многу места се попречени во акциите  поради поројните дождови. Пристапноста до патиштата е голем проблем за хуманитарната дејност, затоа што  повеќето патишта до селата се силно покриени  од свлечишта и пукнатини.

Потсетуваме земјотрес со интензитет од 7,9 го потресе Непал на 25 април. Епицентарот се наоѓа на 82 километри северозападно од главниот град на земјата Катманду, а земјотресната појава е на 15 километри длабочина.

Земјотресот беше проследено со серија потреси , од кои најсилниот е со магнитуда 6.7.

Слични содржини