Градоначалникот на Струга од ДПА, Зијадин Села, смета дека неговата партија не треба да се труди по секоја цена да биде на власт.

sela-press-30m-640x320

– Јас мислам дека моментов за наводен влез на ДПА во власта е поврзан со новиот закон за личните карти, со кој многу печалбари од дијаспората практично ќе останат без место на живеење, иако редовно плаќаат даноци во оваа држава. Ќе биде срамно ДПА да учествува во таква лакрдија – вели Села за Плусинфо.

На прашањето дали верува дека Мендух Тачи преговара за влез во владата тој вели:

– Верувам и мислам дека Мендух Тачи е дел од владата веќе подолго време, само тоа сега треба да се легализира. Ако мене ме прашате, тоа не би бил умен политички потег.

Села е оптимист во заложбата за реформи во ДПА, вели дека во тек се подготовки за конгресот кој е закажан за 21 март и дека тој има поддршка од 80 отсто од членството.

Но, дали во реформираната ДПА ќе има место за Тачи?

– Ќе има место за секого, па и за Мендух Тачи. Ние подготвуваме статутарни промени и во рамките на тие промени, секој член на ДПА ќе може да се кандидира за секоја функција. Но, новиот статут ја предвидува и одговорноста, како и можноста со 50 отсто потписи да се свика конгрес на партијата – вели Села.

Слични содржини