Лондонскиот весник “Daily Mirror”, повикувајќи се на извори од СЗО пишува дека сегашната епидемија на Зика вирусот најверојатно е предизвикана по грешка, откако германски биогенетичари во Бразил создале и несакајќи ги пуштиле генетски модифицираните комарци.
Комарците требало да помогнат во спречување на ширењето на тропската грозница, која е присутна во некои делови во Бразил. но наместо тоа се предизвика смртоносен ефект а ситуацијата излегла од контрола. Вирусот Зика сега предизвикува смртоносен ефект кај новороденчињата.
Програмата за модифицирани комарци била создадена во текот на 2012 година.
Инсектите биле создадени од биотехнолошки експерти за борба против тропската грозница, но кога СЗО почна битка за спречување на ширењето на вириусот Зика се појавиле сомнежите за тоа што навистина го предизвика сегашното избунување на епидемија во Бразил, а потоа и во дури 23 земји од Латинска Америка и Карибите.
Вирусот е откриен уште во 50-тите години на 20-от век, но сегашната епидемија почна во Бразил во мај минатата година. Се претпоставува дека досега се заболени повеќе од 1,5 милиони лица.
Експертите тврдат дека дури 80 отсто од инфицираните не знаат воопшто дека се заболени, затоа што симпомите се како обичниот сезонски грип, но напротив се покажа дека се мошне опасни за новороденчињата,ако мајките биле заразени за време на бременоста.
Бебињата се раѓаат со физички деформации, невообичаено мали глави и со помал мозок, па затоа лекарските прогнози се дека тие нема долго да живеат.
Засега нема вакцина против овој вирус, а ниту постојат лекови за заразата.