Кога ќе излеземе со народот на улица, кога ќе ни прекурчи, а тоа е наскоро, јас со мојата група ќе одам по овој ред:
1. Дома кај БГ да му го исправам погледот.
2. Потоа кај семејството од Брајчино со шиптарска снаа. Е таму ке има циркуси.
3. Па кај оној што дува на полноќ.
4. После кај СО каде ќе го барам и брат му ВО.
И на крај кај Берович Бетон, да нарачам цемент за плочата. Железо 12-ка имам.

FullSizeRender-1024x693

Ова е дел од фејсбук пораката на Миленко Неделковски од декември лани, со која експлицитно на новинарите Јадранка Костова, Бранко Геровски, Борјан Јовановски, Ацо Кабранов и Сашо Ордановски им се заканува со линчување и покривање со бетонска плоча.

Заканите на Неделковски дека ќе му го исправува погледот на новинар и дека ќе прави циркуси во семејството од Брајчино со шиптарска снаа, за обвинителот од Вишото јавно обвинителство во Скопје, Азиз Шаќири, не се изјави со кои се поттикнува омраза, дискриминација и насилство, туку се само искажани ставови за физички лица.

Шаќири практично само го потврди решението на обвинителката Јасмина Костевска Здравевска од Основното јавно обвинителство во Скопје, која во март годинава го одби нашето барање за гонење на Неделковски.

Во Грција се уште актуелна изјавата на Коѕиас против вето за Македонија

Обвинителот Шаќири си поигрува мајтап со правниот поредок на земјата. Место издржана обвинителка одлука, носи политички памфлет, со која преку селективна примена на законите, се обидува да ги штити од прогон пропагандистите на власта и тогаш кога очигледно се закануваат со насилство и шират омраза.

Станува јасно дека смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење. Исто така, власта преку агресивна  медиумска кампања сака да ја наруши довербата и кредибилитет на сите новинари што ја критикуваат неа.

Решението на обвинителот Шаќири е неразумно и ја девалвира обвинителската професија. Го повикуваме здружението на обвинители да го осуди ваквото скандалозно решение, а Советот на јавни обвинители да се произнесе за незаконското, нестручното и несовесно постапување на обвинителот.

Решението ќе го доставиме до сите амбасади во Скопје за да видат дипломатите до кое дереџе е доведено Вишото јавно обвинителство. Исто така, решението ќе го доставиме и до Правниот факултет во Скопје со цел на професорите да им послужи како пример како не треба да се однесува еден обвинител.

 

Интегрален текст

Слични содржини