Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога во исто време можел да биде поекономичен и да заштеди. Николовски за времето додека бил министер во МЗШВ потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, а во истовреме земјоделските производи на нашите земјоделци скапувале по нивите затоа што нема пласман рече на прес конференција денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– Од сите сознанија кои ги имаме се доаѓа до заклучок дека Дон Николовски поголем дел од времето го поминувал на патувања и репрезентации во кафеани, отколку да биде на терен и да ги решава проблемите на земјоделците. И наместо да најде начин како да исплати над 50 милиони евра заостанати субвенции на земјоделците, тој се шетал низ Европа и САД. И на ниту едно патување не избрал економичен хотел, карти се плаќани по неколку стотина евра, а во исто време се трупале долгови кон земјоделците.Николовски и СДС раскалашено се однесувале со парите на граѓаните, неодговорното трошење резултираше со ограбена држава и голем број нерешени проблеми. Ваквото однесување веќе никогаш нема да биде пракса, а за Николовски ќе има одговорност за сите злоупотреби, вели Петрушевски.