Ѕвездата од серијата Wednesday обвинета за за сексуална злоупотреба: „Ме силуваа во подрум“

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Бидејќи првата сезона на серијата Wednesday имаше огромен успех, Нетфликс побрза да ја објави втората сезона, но се чини дека постои можност да не го видиме актерот Перси Хајнс Вајт, кој го толкуваше ликот на Хавиер Торпе.

По жестоките обвинувања за сексуален напад и некои докази објавени на социјалните мрежи, ангажманот на 21-годишниот актер беше доведен во прашање.

Бранот обвинувања започна откако девојка под корисничко име @milkievich напиша дека актерот ги нападнал неа и нејзините пријателки додека живеел во Торонто, а тоа наводно се случило на возраст од 17 до 20 години. Имаше и тврдења дека тој и неговите пријатели имале репутација на „лоши момци“ и биле познати по тоа што организирале забави на кои ги опивале девојките, а потоа сексуално ги искористувале. Наводните жртви биле на возраст од 13 до 16 години.

„Покануваа само девојки за кои мислеа дека се згодни, а потоа се обидуваа да ги опијат за да имаат секс со нив“, гласи еден од коментарите на Твитер.

Една корисничка, Дезире Камерон, го детализираше своето трауматично искуство на забава на која присуствувал Перси Хајнс Вајт.

„Тој дозволи да ме силуваат во подрумот, а кога ми се јави да разговараме за тоа, повеќе се грижеше дали ќе дојде полиција отколку дали сум добро“, вели таа. Голем број девојки изјавиле дека актерот ги нарекол „дебели“ или упатувал некоја друга критика.

На Твитер беа објавени и пораки со погрдна содржина што тој им ги испраќаше на жртвите, а може да се видат неговите разголени фотографии од тоалетот. Сето ова резултираше со жестока онлајн кампања наречена #cancelpercy.

Младиот актер се уште не одговорил на овие обвинувања, а останува да се види дали Нетфликс ќе реагира.

Слични содржини