Јанев од „Студентски отпор“ за „Локално“: Протестот нема политичка позадина, оптимист сум дека ќе се договориме

од Mimi Spasovska
329 прегледи

Јован Јанев, претставникот на новоформираното студентско движење „Студентски отпор“ во разговор со „Локално“ изјави дека оваа организација настанала спонтано од пред две недели, како реакција на незадоволството од предлог измените на Законот за студентски стандард.

Јован, кој е член на партијата „Левица“, во врска со посочувањата во јавноста дека можно е протестот да има политичка заднина, кажа дека излегувањето на студенти пред Собранието нема политички мотиви и оти е рекција на тоа што предлог-измените во законот биле донесени преку ноќ.

-Ова студентско движење нема претседателство, јас не сум лидер, туку сум само претставник, а што се однесува на политичката определба, законски секој граѓани може да си има своја политичка определба и секој студент има различна политичка определба. На крајот на денот, еден проблем не засега сите нас студентите, тоа е независно од партиска определба или припаѓање на било каков етникум итн, а политичката определба е право на секој граѓанин. Јавноста во принцип сака да глорифицира или скандализира и сака да слуша такви приказни, за тоа сум свесен, но јас сум само еден обичен претставник на движењето кое е настанато спонтано, од пред две недели и нема политичка димнизја, и нема ни да има, и нема потреба да добие политичка димнзија. Студентите сакаат да добијат нешто што им припаѓа, вели Јанев.

На прашање кои ќе бидат следните чекори на ова движење во наредните денови, Јанев рече дека е оптимист за очекувањата од денешната средба со министерот за образование Јетон Шаќири и со пратениците предлагачи на измените на Законот за студентски стандард на која меѓу другото ќе побараат повлекување на предложените измени на Законот за студентски стандард, и изедначување на стипендиите со повисокиот износ.

-Ја видов изјавата на пратеничката Зајкова дека треба да се дискутра по оваа тема, но ако го погледнеме Законот мислам дека нема што да се дискутира, туку има само да се слуша, поточно да се слушне нашиот глас. Се надевам, оптимист сум дека нашите барња ќе бидат прифатени и студентскиот стандард ќе биде подобрен зашто нашата држава не е во баш најдобра состојба, како економски така и политички. Се надеваме дека ќе се избориме за нашите права. Овој протест е и одговор на акцијата на владејачкото мнозинство, бидејќи со самиот факт дека предлог-имените на законот беа по скратена постапка, сметаме дека тоа беше работење позади грб на студентите. Се надеваме дека ќе се прифатат нашите барања, вели Јанев за очекувањата од средбата на која ќе побараат повлекување на предложените измени на Законот за студентски стандард, изедначување на стипендиите со повисокиот износ.

Тој дополни дека на протестите, исто така, тие ќе побараат за студентите да не важат антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја, а бараат и подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.

Инаку тој очекува на првиот ден од проестот пред Собранието кој е закажан за 16 часот „да се собере солидна бројка на студенти“.

„Не може да очекуваме преголема масовност, зашто овие две недели се колоквиумски и не сите студенти ќе може да излезат“, вели Јанев дополнувајќи дека сака ги охрабри сите студентите и да им порача дека „без борба не може да дојде до промена“.

Тој смета дека за протестот формално имаат подршка од другите постари и поголеми Универзитетите во државата.

-Јас сум член на Универзитеското студентско Собрание на Универзитетот во Штип и денеска ќе учествувам во име на мојот универзитет на денешната дискусија. Официјална поддршка од студентите од другите студентски организации би била добра во контекст на официјализација и на подршка на одредени движења но голем дел од студетите се членови на универзитески или студентски или факултетски собранија така што технички подршката постои, кажа Јанев за „Локално“.

М.С.М.

Слични содржини