172
Во битката меѓу глобалните финансиски центри, Њујорк е се понезаменлива сила кога се во прашање берзите, каде финансискиот центар на Америка ја проширува својата и онака удобна предност, пишува „Економист“.
Британската компанија за полупроводници „Arm“, во сопственост на јапонската инвестициска куќа SoftBank, минатата недела објави дека ќе биде котирана само на Њујоршката берза, отфрлајќи ја кампањата на британските министри за зајакнување на Лондонската берза.
Ден претходно компанијата за градежен материјал „CRH“ најави дека и таа ќе се пресели во Њујорк на наддавање.