Џафери: Почестен сум што претседателот Зеленски ме одликува со Орденот „Јарослав Мудриот“

од Берта Китинска
285 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на својот Фејсбук напиша дека му е чест што го добил Орденот „Јарослав Мудриот“ од претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

„Особено сум почестен од веста дека претседателот Зеленски со Указ бр. 734/2022 ми го доделува Орденот Јарослав Мудриот за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, значителниот придонес во популаризацијата на украинската држава во светот. Бев прв државник од Регионот кој го посети Киев зашто бев и сум уверен дека ужасот и последиците од агресијата, но во исто време, храброста и оптимизмот на Украинците се посведочува лично“, напиша Џафери.

Спикерот во април годинава на покана на претседателот на Собранието на г. Руслан Стефанчук, ја посети Украина.

„ Јас оттука можам да порачам дека лично ќе се залагам институциите и граѓаните на Република Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка која што ќе стои на располагање заедно со нашите партнери од Европската унија и меѓународната заедница. Секако, лично ќе се залагам овие слики да го добијат правото име што им следува, а тоа е геноцид и ништо друго“, кажа тогаш Џафери.