Џејсон Момоа се соблече за време на гостувањето во емисијата Џими Кимел Лајв и на публиката го покажа својот гол заден дел.
Холивудскиот актер Џејсон Момоа гостуваше во емисијата Jimmy Kimmel Live, каде на публиката ѝ приреди стриптиз шоу.
Во еден момент Џејсон станал од столот и почнал да ја соблекува облеката се додека не останал само во традиционално хавајско здолниште, во кое го покажал својот гол задник.
Публиката врескаше од возбуда за време на оваа ненадејна точка, а ентузијастичките коментари се редеа под снимката на шоуто на YouTube.