Џеки Чен потврди: Ќе се снима четврти дел од филмот Rush Hour

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Ќе се снима четврти дел од филмот Rush Hour, изјави актерот Џеки Чен.

Како што пренесува NME, овој филм за кој се „шушка“ дека е во подготовка цели седум години, сега и ќе се сними, а сценариото е готово.

Ова го соопшти Џеки Чен на филмски фестивал на кој гостуваше.

„Не сакав повторно да го правам истото. Сценариото што беше во оптек во претходните седум години не беше добро. Вчера сите се согласивме дека сега ја имаме вистинската верзија на сценариото“, рече Чен.

Првиот Rush Hour со Џеки Чен и Крис Такер, беше снимен во 1998 година. Следеа продолженија – „Rush Hour 2“ од 2001 година и „Rush Hour 3“ од 2007 година.

Слични содржини