Џон Траволта со емотивна порака се прости од Кирсти Ели

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Актерката Кирсти Ели почина на 71-годишна возраст по битка со ракот, а актерот и колега Џон Траволта денеска се прости од неа на Инстаграм.

„Кирсти и јас имавме посебна врска. Те сакам Кирсти. Знам дека повторно ќе се видиме“, напиша Траволта под нејзината фотографија, во последната објава на Инстаграм.

Ели се прослави со улогата во серијата „Кафуле На Здравје“, но беше позната и по серијата „Север и југ“ и филмот „Види кој зборува“.

Џон Траволта, кој глумеше со Кирсти во продукцијата „Види кој зборува“, остана со актерката во одлични односи.

Слични содржини