🎥 Девет лица се повредени во пожарот што изби на аеродромот ЏФК во Њујорк

од Илинка Илиоска
18 прегледи

Неколку лица се пренесени во болница откако избувна пожар на ескалатор на меѓународниот аеродром Џон Кенеди (ЏФК) во Њујорк, соопштија американските власти.

За време на мал пожар на ескалаторите на терминалот 8 на аеродромот вчера, девет лица се здобиле со полесни повреди од вдишување чад, од кои четворица се хоспитализирани, јавува ABC News.

Ниту една од повредите не се смета за опасна по живот.

Слични содржини