Џенифер Лопез ги заслепи сите на трката за Големата награда на Формула 1 во Саудиска Арабија со својот впечатлив розов комбинезон, кој совршено ѝ прилегаше на нејзината фигура. Пејачката пристигна на големата трка во Џеда облечена во розов комбинезон припиен до кожата, кој ја истакна нејзината беспрекорна фигура. Својот впечатлив изглед го комплетираше со розови очила за сонце и проѕирни потпетици, создавајќи стајлинг на кој може да ѝ позавиди и Барби.
За време на посетата, 55-годишната латино дива се фотографираше пред болидот на Ферари Ф1 на Шарл Леклер и помина време со членовите на тимот, кои беа воодушевени од нејзината посета. Лопез беше специјален гостин на Ферари за време на квалификациските трки, што предизвика голема возбуда кај присутните.
View this post on Instagram
Џеј Ло ќе настапи на концертот по трката, организиран од MDLBEAST, водечка саудиска забавна компанија, каде што ќе ѝ се придружат и други музички ѕвезди, како Ашер, Мајор Лазер и Пеги Гоу. Нејзиниот розов комбинезон, иако впечатлив, всушност беше попригушен избор во споредба со некои нејзини претходни драматични модни излегувања.
Пејачката има многу успешна 2025 година, таа моментално снима нова романтична комедија Office Romance, а нејзиниот филм Kiss of the Spider Woman беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“ во Јута на почетокот од оваа година. Таа, исто така, ќе започне европска турнеја Up All Night – Live in 2025 во текот на летото, откако ќе биде домаќин на новите „Американски музички награди“.
Се чини дека работите ѝ одат одлично на Џеј Ло по разводот со Бен Афлек. Нејзиното присуство на Големата награда на Саудиска Арабија покажува растечки тренд на спојување на спортот и меѓународната забава во Формула 1, обезбедувајќи им на гледачите повеќе од самата трка.