Огромен инцидент се случи на натпреварот од 30. коло на турското првенство меѓу Трабзон и Фенербахче, а грозоморни сцени ја обиколуваат планетата.
Фенербахче на крајот победи со 3:2, што домашните навивачи не можеа да го издржат, па по завршувањето на натпреварот упаднаа на теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери од Истанбул.
Се чини дека најлошиот крај го доби хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ. Голманот на Фенербахче „прими“ класичен нокаут од хулигани при обидот да се сокрие во тунелот.
Во еден момент не се знаеше кој кого удира, а камерите го уловија грозоморниот момент кога фудбалерот на Фенербах, Остерволде со нога го удри хулиганот на домаќините во глава.
Неговиот соиграч го турна навивачот на тревата, по што Остерволде пријде и со сета сила го удри по глава.
Şu tekmeye kendini savunma diyorlar ve olayın Oosterwolde ile alakası yok arkadan koşarak geliyor adamlar her mevzuya bir kulp buluyorlar şaka gibi camia! pic.twitter.com/DtXc0HYONM
— TAKO (@takodur) March 18, 2024