🎥 Има мртви во катастрофен инцидент во Кина: Експлодираше голема хемиска фабрика, пожарникарите се борат со огнот!

од Љубиша Владимиров
11 прегледи

Најмалку пет лица загинаа, а 19 се повредени во силна експлозија која денеска погоди хемиска фабрика во источна Кина. Дополнително, шест лица се водат како исчезнати, јави државната телевизија CCTV. Експлозијата се случи околу пладне во фабриката лоцирана во индустриската зона на градот Вејфанг, во провинцијата Шандонг. Беше толку силна што ги скрши прозорците на магацин кој се наоѓа повеќе од три километри оддалечен од фабриката.

Од местото на инцидентот се издигна висок столб чад, што беше видливо од далеку. Според податоците од регистрацијата на компанијата, оваа фабрика произведува пестициди и хемикалии кои се користат и во медицината, а има повеќе од 500 вработени. На лице место беа испратени спасувачи, меѓу кои и 230 пожарникари, кои се во потрага по повредените и исчезнатите. Истражните органи ја испитуваат причината за експлозијата, додека локалните власти продолжуваат со спасувачките операции.

 

Слични содржини