🎥 Крвопролевање во Шведска! Неколку мртви во фризерски салон, убиецот побегал на електричен тротинет, полицијата го блокираше градот, а во потрага се пушти и хеликоптер

од Љубиша Владимиров
110 прегледи

Три лица се убиени во пукотница која се случила попладнево во фризерски салон во центарот на шведскиот град Упсала, јавуваат локалните медиуми. Во градот моментално е во тек полициска операција.

Според информации од шведската телевизија СВТ, полицијата ја опколила голем простор во близина на плоштадот Ваксала, откако неколку граѓани пријавиле дека чуле истрели во областа. Портпаролот на полицијата, Магнус Кларин, изјави дека засега полицијата не може да даде повеќе детали за инцидентот.

Шведскиот весник „Афтонбладет“ објави дека, според информации од очевидци, три лица биле убиени во салонот, а осомничениот убиец избегал со електричен тротинет. Во полициската потрага учествува и хеликоптер.

Сведок на настанот кој живее во близина изјави дека пукањето се случило околу 17:10 часот. „Се слушна истрел, а потоа слушнав вресоци. Поминаа околу десет минути пред да пристигне полицијата,“ изјави сведокот. Дополнително, еден од очевидците изјавил дека чул пет истрели и видел луѓе како трчаат во различни насоки.

Полицијата продолжува со истрагата и го бара осомничениот.

 

Слични содржини